Ако сте корисник на Телеком (T-Mobile) мобилниот оператор, сметата за телефон може многу лесно да ја платите преку сервисот Плати онлајн на Телеком.

 

1. Најпрвин отворете го сервисот Плати онлајн на Телеком со еден клик на сликата подолу:

plati-online-telekom

 

2. Следно треба да го пронајдете бројот на сметката на вашата фактура. Еве каде се наоѓа поточно:

telekom-broj-na-smetka

 

3. Внесете го бројот во соодветното поле на овој начин:

vnesuvanje-broj-faktura-telekom-online

 

4. Кликнете на копчето Потврди и ако е сумата во ред, кликнете на копчето Додади во листа.

 

5. Забелешка: На овој начин можете наеднаш да внесете и други сметки ако имате за плаќање, со што само ќе ги додадете на ист начин во Листата на сметки.

 

6. Ако е се во ред со сумата, кликаме на копчето Продолжи со плаќање.

prodolzi-so-plakanje

 

7. На следниот чекор внесуваме валидна е-маил адреса и телефонски број за потврда на плаќањето.

kontakt-informacii-telekom

 

8. Откако ќе ги внесеме контакт информациите, кликаме на копчето Потврди.

 

9. На последниот чекор ги внесуваме податоците од нашата картичка.

  • Првин се внесува името и презимето од вашата картичка
  • Следно се внесува бројот од картичката
  • Потоа се внесува заштитниот трицифрен број од задната страна на картичката
  • На крај се одбира датумот на важност од картичката (месецот и годината).

vnesuvame-karticka-telekom

 

10. Откако ќе ги внесите вашите податоци од картичката, кликнете на Потврди.

 

11. Системот ќе ве извести за успешно дополнување на кредитот и ќе добиете потврден е-маил.

email-telekom-potvrda