Доколку сте претплатник на А1 операторот (некогашен Вип) плаќањето сметки онлајн се врши многу брзо и лесно преку услугата Плати сметка

1. Посетете ја услугата Плати сметка на А1 со еден клик на сликата подолу:

plati smetka a1 vip

2. Пронајдете го бројот на фактурата

broj-faktura-vip

 

3. Бројот внесете го во соодветното поле заедно со вашата валидна е-маил адреса.

vnesuvanje-faktura-a1-vip

4. Кликнете на копчето Продолжи.

5. На последниот чекор ги внесуваме податоците од нашата картичка.

  • Првин се внесува името и презимето од вашата картичка
  • Следно се внесува бројот од картичката
  • Потоа се внесува заштитниот трицифрен број од задната страна на картичката
  • На крај се одбира датумот на важност од картичката (месецот и годината).

 

nadopolni-kredit-online-a1-vip

 

6. Откако ќе ги внесите вашите податоци од картичката, кликнете на Потврди.

 

7. Системот ќе ве извести за успешно плаќање на сметката и ќе добиете потврден е-маил.