Доколку сте од Охрид, во оваа статија ќе ви објасниме како се плаќа сметка за вода во Водовод Охрид онлајн.

 

  1. Најпрвин треба да се регистрирате во системот e-Водовод Охрид, кликнете на сликата:

e vodovod online ohrid

 

2. Внесете ја вашата е-маил адреса (Забелешка: Внесете валидна е-маил адреса затоа што потврдата за успешно плаќање ќе ви биде испратена на маил)

 

3. Внесете лозинка што ќе ја паметите.

 

4. Повторете ја лозинката.

 

5. Внесете го вашето име и презиме.

vodovod-osnovni-podatoci

 

6. Следно треба да внесете Шифра на корисник која ќе ја пронајдете на вашата фактура од Водовод.

Еве каде ќе ја пронајдете:

sifra-na-korisnik-vodovod

 

7. Завршете ја регистрацијата така што ќе го внесите вашиот телефонски број и ќе го штиклирате полето Се согласувам со општите услови за користење 

 

8. Кога ќе бидете готови со пополнување, кликнете на Регистрирај се.

zavrsete-ja-registracijata

 

9. Доколку правилно ги пополнавте полињата, системот автоматски ќе ги изгенерира вашите фактури за плаќање.

 

10. Одберете која сметка сакате да ја платите и кликнете на Плати со картичка.

plati-so-karticka-vodovod-ohrid

 

11. На последниот чекор ги внесуваме податоците од нашата картичка.

  • Првин се внесува бројот од картичката
  • Се одбира датумот на важност од картичката.
  • Последно, се внесува заштитниот трицифрен број од задната страна на картичката

finalno plakanje vodovod

12. Откако ќе ги внесите информациите од картичката, кликнете на Поднеси. 

 

13. Доколку трансакцијата е успешна ќе добиете потврдна порака и е-маил.

vodovod-mail-potvrda