Плаќањето сметки за струја онлајн се врши многу лесно преку сервисот: EVN ONLINE

Еве еден начин како најлесно да го извршите плаќањето на фактурата за струја од ЕВН:

 

1. Посети го онлајн сервисот на EVN Online со еден клик на сликата:

evn-online-pocetna

 

2. Доколку ја поседувате физичката фактура од ЕВН, може да извршите брзо плаќање со користење на услугата “Плати брзо

plati-brzo-faktura

 

3. Следно се внесуваат Број на корисник и Број на фактура, кои се наоѓаат на самата фактура која ја добивте од ЕВН.

broj-na-korisnik-broj-na-faktura

 

4. Еве каде може да ги пронајдете Бројот на корисник и Бројот на фактура (Забелешка: последната бројка од фактурата не се внесува)

faktura-evn-nova

 

 

5. Внесете ги бројчињата во соодветните полиња. Запомнете дека последниот број од фактурата после цртичката не се внесува.

 

6. Системот автоматски ќе индицира дали бројчињата сте ги внесиле правилно.

 

7. Кликнете на Потврди и прегледајте дали износот на фактурата точен.

 

8. Ако е се во ред, кликнете на Продолжи.

Potvrdi-faktura-prodolzi

 

9. На следниот чекор внесете ја вашата е-маил адреса и кликнете на Плати.

vnesi-email-plati

 

10. На последниот чекор ги внесуваме податоците од нашата картичка.

  • Првин се внесува бројот од картичката
  • Следно се внесува заштитниот трицифрен број од задната страна на картичката
  • На крај се одбира датумот на важност од картичката.

finalno-plakanje

 

11. Откако ќе ги внесете податоците од вашата картичка, кликнете на Потврди.

 

12. Системот автоматски ќе го процесира вашето плаќање и ќе добиете потврда за успешно извршена трансакција на е-маилот кој го внесовте предходно.

 

13. Системот на ЕВН е максимално безбеден за онлајн плаќање така што може да ги плаќате своите сметки за струха без никакви проблеми и стравови.